Американската корпорација Амфенол е новиот странски инвеститор во Македонија кој во првата фаза ќе вложи шест милиони евра и ќе вработи 1.500 лица во првите пет години. Фабриката ќе биде лоцирана во Кочани. Инвестицијата ја најавија, премиерот Никола Груевски и потпретседателот на американската корпорација Амфенол и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата Џон Тренор. Темелна определба на оваа Влада е развој на економијата преку привлекување на странски инвеститори кои ќе отворат нови работни места, истакна премиерот Никола Груевски. Тој потенцираше дека денеска изворно бил информиран од инвеститорот за плановите на македонскиот пазар. Со генералниот менаџер на Амфенол се запознавме на едно од роуд шоуата и тој ме информираше за инвестициските планови во Македонија.
Американската корпорација "Амфенол" е новиот странски инвеститор во Македонија кој во првата фаза ќе вложи шест милиони евра и ќе вработи 1.500 лица во првите пет години. Фабриката ќе биде лоцирана во Кочани.
Инвестицијата ја најавија, премиерот Никола Груевски и потпретседателот на американската корпорација "Амфенол" и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата Џон Тренор.
- Темелна определба на оваа Влада е развој на економијата преку привлекување на странски инвеститори кои ќе отворат нови работни места, истакна премиерот Никола Груевски. Тој потенцираше дека денеска изворно бил информиран од инвеститорот за плановите на македонскиот пазар.
- Со генералниот менаџер на "Амфенол" се запознавме на едно од роуд шоуата и тој ме информираше за инвестициските планови во Македонија. Се работи за браундфилд инвестиција во која во првата фаза се инвестирани 6 милиони евра, а компанијата веќе произведува автомобилски делови во изнајмениот објект во Кочани. До крајот на годината планот им е да бидат вработени од 250 до 300 лица од Кочани, Виница и локалните општини, а бројот на вработени во наредните пет години би требало да достигне 1.500 лица, потенцираше премиерот Груевски.
Корпорацијата има веќе ангажирано 70 лица производство на автомобилски делови.
Тренор, потпретседателот на Корпорацијата, меѓу другото, нагласи дека одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, но најмногу врз основа на поголемата бизнис-клима.
Премиерот Никола Груевски изрази огромно задоволство од одлуката на американската корпорација Амфенол" да инвестира токму во Македонија од каде што ќе се врши и извоз и снабдување на европскиот пазар, а сето тоа е резултат од владините роуд шоуа.
Груевски потенцира дека задоволството е уште поголемо затоа што Тренор посочил дека немало никакви пречки при реализацијата на инвестицијата.